• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Лос Анџелес, 23 април 2018 (МИА) - Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на најпреценети книги на сите времиња кои дефинитивно не мора да ги прочитате“, меѓу кои ја вброи и Библијата.

Од 21 книга, според уредништвото на магазинот, Библијата заслужува да се најде на 12 место на најпреценети книги. 

- Оние кои ја прочитале, знаат дека во неа има неколку добри делови, но тоа дефинитивно не е најдоброто нешто што човекот го има напишано. Се повторува, контрадикторна е, глупава и во некој поглед дури и злонамерна, се вели во писанието.

Потегот на списанието предизвика реакции на црковни водачи од САД.  Свештеникот Џонатан Морис од Бронкс одлуката на Џи-Кју ја нарече „срамна и глупава“.

На листата, меѓу другите се најдоа и „Старецот и морето", „Ловец во житото" и „Хаклбери Фин". си/цч/11:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...