• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Почина актерот Џозеф Кампанела

Почина актерот Џозеф Кампанела

Лос Анџелес, 17 мај 2018 (МИА) - Глумецот Џозеф Кампанела почина во својот дом во Шерман Оукс, Калифорнија, на 93-годишна возраст.

Зад себе остави над 200 проекти, а најпознат е по улогите во ТВ сериите „Mannix“, „The Colbys“, „Dallas“, „The Bold And The Beautiful“ и секако - „The Days Of Our lives“, за која во 1989 година доби номинација за Еми наградата.

Кампанела е роден во Њујорк Сити, а студирал на Колумбискиот Универзитет, пред неговата преселба во Холивуд. Зад себе ја остави сопругата Џил, со која е во брак 53 години, седум сина и осум внуци. си/паг/11:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.