• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Популарната Хурем на црвениот тепих во Кан во сосем ново руво

Популарната Хурем на црвениот тепих во Кан во сосем ново руво

Kaн, 17 мај 2018 (МИА) - Турската глумица Мерием Узерли, нам попозната како Хурем од ТВ серијата „Сулејман Величествениот“, се појави на црвениот тепих во Кан, и објави фотографии и видеа на својот Инстаграм профил.

Обожавателите веднаш ги забележаа нејзините пластични операции, па ја нападнаа во коментарите.

„Беше многу поубава пред операциите", „Лицето ти е чудно", „Боже, што си направила со усните", „Остави го лицето и телото на мир“, „Беше прекрасна, сега си како пластична кукла" - се само дел од коментарите.  си/паг/12:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ