• A-
  • A
  • A+
недела, 20 мај 2018, 

Истражување: Создавањето на ѕвездите започнало 250 милиони години по Големата експлозија

Истражување: Создавањето на ѕвездите започнало 250 милиони години по Големата експлозија

Токио, 17 мај 2018 (МИА) - Откако открија траги од кислород, јапонски астрономи дојдоа до сознание дека ѕвездите во галаксијата МАКС-1149-ЈД-1 се образувале 250 милиони години по Големата експлозија - доста кус период од вселенска гледна точка.

Овие траги од кислород се најраните откриени во Вселената. Светлината, којашто доаѓа од галаксијата патувала 13,28 милијарди светлосни години пред да дојде до Земјата. Една светлосна година е растојанието, кое светлината го минува за една година - 9,5 трилиони километри.

Во Вселената првично немало елементи како кислород, јаглерод и азот. Се смета дека тие се создадени од хемиските реакции на најстарите ѕвезди и се распрскани во вселенскиот меѓуѕвезден простор при самото експлодирање на ѕвездата. Присуството на кислород покажува дека создавањето на ѕвездите започнало околу 250 милиони години по Големата експлозија, кога Вселената била само два отсто стара во споредба со сега.

- Пред истражувањето, имаше само теоретски предвидувања за образувањето на најстаите ѕвезди. За првпат набљудувавме така рана етапа од тој вселенски процес, изјави астрономот Такуја Хашимото од Универзитетот Осака Санџо. си/цч/14:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мануел има 121 година и посакува уште да живее

Мануел Гарсија Хернандез можеби е најстариот човек...

Кралското семејство им се заблагодари на сите за венчавката

Британското кралско семејство им се заблагодари на...

Златна палма за јапонскиот филм „Крадци“

Јапонската драма „Крадци“ (Shoplifters) на режисер...

Мајка го сменила името на синот поради грешка во тетоважата

Со цел да ја усклади новата тетоважа со името, ма...

Во минатото пивото се ладело со помош на глечери

Да се пие ладно пиво, денес не е ништо невообичаен...