• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

Непалски шерпас рекордни 22 пати се искачи на Еверест

Непалски шерпас рекордни 22 пати се искачи на Еверест

Катманду, 17 мај 2018 (МИА) – Непалскиот шерпас Ками Рита водејќи група на кинески алпинисти се искачи на највисокиот врв во светот Монт Еверест по рекорден 22-ри пат.

Искачувањето и рекордот е потврден и од страна на Министерството за туризам на Непал.

- Ова не е мое последно искачување. Се чувствувам добро подготвен и можам да се искачам на планината уште 25 пати, истакна 47-годишниот Рита.

Досега уште двајца шерпаси се искачиле на највисокот врв по 21 пат.

Шерпасите се водичи и носачи за бројните алпинисти, кои доаѓаат од целиот свет, и се неизоставен дел на експедициите кои сакаат да се искачат на Еверест. дб/цч/16:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ