• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

Лос Анџелес, 21 мај 2018 (МИА) - На говорот по повод добивањето на Наградата за музичка икона на годинешните „Билборд награди“ во Лас Вегас пејачката Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo, нагласувајќи дека тоа значи оти жените веќе нема да бидат контролирани и злоупотребувани.

- Верувам дека во име на сите наши предизвици, ние живееме еден славен момент од историјата. Жените јасно дадоа до знаење оти веќе нема да бидат контролирани, манипулирани или злоупотребени. Јас цврсто стојам до оние жени и мажи кои еднакво одлучно ја отфрлија дискриминацијата, истакна Џексон.

Таа имаше и свој настап по тој повод.

Специјалната награда на пејачката која 40 години е на музичката сцена и ја додели пејачот Бруно Марс. си/цч/14:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.