• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Најкраткиот меѓународен лет трае осум минути

Најкраткиот меѓународен лет трае осум минути

Оранјестад, 27 мај 2018 (МИА) - Осум минути - толку трае летот на најновата авио-линија, кој веќе е прогласен за најкраток во меѓународниот сообраќај.
 
Линијата, која ја пушти авиокомпанијата „Аруба ерлајнс“, ги поврзува Аруба, карипскиот остров под суверенитет на Холандија и градот Пунто Фихо во северниот дел на Венецуела.
 
Растојанието помеѓу двата аеродроми е само 80 километри, а „Аруба ерлајнс“ за оваа кратка линија го избра „бомбардиер CRJ200“, најбрзиот авион.
 
Летовите на експресната авио-линија ќе се извршуваат два пати неделно - понеделник и петок - а најевтината карта ќе чини околу 200 долари.
 
Пред повеќе од една година, беше згасната досегашната најкратка  авио-линија, помеѓу Алтернхајн во Швајцарија и Фридрихшафен во јужна Германија.
 
Австриската компанија „Пиплс Виеналајн“, кој го одржуваше летот од 8 минути со авионот „Ембраер 170“, на тој чекор се одлучила поради слабиот интерес на патници.вз/ир/19:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ