• A-
  • A
  • A+
понеделник, 25 јуни 2018, 

Двојникот на Ким Џонг-ун позираше за „селфи“ во Сингапур

Двојникот на Ким Џонг-ун позираше за „селфи“ во Сингапур

Сингапур, 27 мај 2018 (МИА) - Граѓаните на Сингапур денеска беа изненадени, откако го забележаа севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун како се шета по улиците на градот, се додека не сфатија дека мажот со црна коса, кој позираше за самоклик, односно „селфи“ фотографии во близина на познатиот хотел „Марина Беј Сендс“, е само неговиот двојник.
 
- Тој изгледаше како вистинскиот Ким Џонг-ун, но подоцна сфатив дека не е тој, рече Сагар Адмуте, кој во Сингапур пристигнал од Мумбаи, откако направи неколку „селфи“ со двојникот на лидерот на Северна Кореја.
 
Мажот со австралиско-кинеско потекло, кој позираше претворајќи се дека е лидерот на Северна Кореја, се нарекува себеси Хауард Икс, но вели дека е во Сингапур за да посака успех на самитот на Ким и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој е со цел да се стави крај на нуклеарната програма на Северна Кореја .
 
- Тие ќе станат најдобри пријатели веднаш по оваа средба, изјави Хауард Икс, откако Трамп навести дека продолжуваат подготовките за самитот на 12 јуни, иако претходно ја откажа средбата.
 
Хауард Икс се претставуваше како Ким и на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја во февруари оваа година, кога ги збуни чирлидерките на Северна Кореја, кои мислеа дека лидерот на нивната земја присуствува на хокеј натпревар.вз/ир/19:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ