• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Миа Калифа нападна обожавател што го истетовирал нејзиното лице

Миа Калифа нападна обожавател што го истетовирал нејзиното лице

Њујорк, 13 јуни 2018 (МИА) - Поранешната либанско-американска порно глумица Миа Калифа на својот Инстаграм профил критикуваше обожавател кој го истетовирал нејзиното лице на својата рака, нарекувајќи го психопат.

- Престанете да правите тетоважи со мојот лик. Тоа не ми е комплимент, туку е морничаво. Немој да ја завршиш тетоважата, чувај ги парите за да ја отстраниш или да ја прекриеш со некоја друга глупава тетоважа, штом можеш да тетовираш странец на своето тело, психопату! Исусе Христе!, напиша таа во очигледно бесната порака, преобјавувајќи ја фотографијата со тетоважата, којашто непознатото момче ја беше објавило претходно.

миа калифа тетоважа

Иако многумина се сложија со порно ѕвездата, некои ја искритикуваа за нејзиниот остар тон и дека не ги цени своите обожаватели.

Калифа лани одлучи да се повлече од порно индустријата за да и се посвети на својата спортска емисија „Out of Bounds“. си/13:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ