• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Јадранското Море најтопло во последните сто години

Јадранското Море најтопло во последните сто години

Сплит, 13 јуни 2018 (МИА) – Водата во Јадранското Море, според мерењата на научниците, е најтопла во последните сто години.

Површинската температура на морето во моментот е за три до четири степени повисока во однос на просекот за првата половина на јуни, при што во Сплит и Пула биле измерени 26 степени Целзиусови.

Во периодот од 2008 до 2015 година просечната температура на површинскиот слој на Јадранското Море се зголемил за 1,25 степени и трендот на забрзано загревање не престанува.

Ивица Вилибиќ од сплитскиот Институт за океанографија и рибарство наведува дека интензивното загревање на морето е последица на исклучително високите температури на воздухот, кои од средината на април веќе два месеца се континуирано високи.

-  Можеме да кажеме дека температурите во овој дел од годината се највисоки во последните стотина години, истакна Вилибиќ.

Тој наведе дека кај плитките мориња, меѓу кои спаѓа и Јадранското Море, многу побрзо се чувствуваат климатските промени.

Вилибиќ додаде дека се очекува овие температурни промени кај некои животински видови да се одразат позитивно, додека други ќе претрпат штетни последици.

Исто така се предвидува дека Јадранското Море, освен потопло, ќе стане и посолено. дб/паг/17:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...