• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Сопругот на шпанската принцеза ќе почне да ја отслужува затворската казна

Сопругот на шпанската принцеза ќе почне да ја отслужува затворската казна

Мадрид, 13 јуни 2018 (МИА) – Судот во Палма де Мајорка на сопругот на шпанската принцеза Кристина, Ињаки Урдангарин, му даде рок од пет дена да почне да ја отслужува затворската казна од пет години и десет месеци.

Урдангарин, кој со шпанската принцеза Кристина има четири деца, денеска се појави пред судот за да му биде соопштено кога да почне со отслужување на затворската казна.

Шпанскиот Врховен суд вчера ја потврди пресудата на понискиот суд, кој го осуди за измама и затајување данок, но го ослободи од обвинението за фалсификување документи.

Нижиот суд во Палма де Мајорка во 2016 година го осуди Урдангарин за злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на службената положба, измама и затајување данок.

Врховниот суд ја потврди и пресудата со која принцезата Кристина беше парично казнета, бидејќи имала корист од кривичните дела кои ги извршил нејзиниот сопруг. дб/паг/18:28

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...