• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Руска пратеничка ги повика Русинките да не спијат со странци

Руска пратеничка ги повика Русинките да не спијат со странци

Москва, 13 јуни 2018 (МИА) – Русинките не треба да спијат со странците кои ќе пристигнат за Светското првенство, бидејќи ќе останат самохрани мајки, смета руската пратеничка Тамара Плетњова.

Според 70-годишната пратеничка, доаѓањето на стотици илјади мажи во Русија значи дека „ќе има жени, кои ќе излегуваат со нив, а некои ќе останат бремени и ќе родат деца“.

- Меѓутоа се надевам дека нема да го направат тоа, истакна пратеничката, која е претседател на Комисијата за прашањата на семејството, жените и децата.

Плетњова во интервјуто за радио „Москва“ наведува дека за време на Олимпијадата во 1980 година многу Русинки родиле деца од странци, а дел од нив биле од „друга раса“.

-  Децата родени од мешани двојки најмногу страдаат и така e уште од советско време, бидејќи најчесто мајките се принудени сами да ги одгледуваат, а татковците ја напуштаат земјата штом натпреварувањата ќе завршат, истакна таа.

Плетњова смета дека Русинките треба да се мажат за „руски државјани, да создаваат стабилни семејства и мирно да живеат“.

Нејзините ставови предизвикаа бран од негодувања и лавина од критики на руските социјални мрежи. дб/паг/19:14

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ