• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Јуан Мекгрегор ќе глуми во продолжението на хорор класиката „The Shining“

Јуан Мекгрегор ќе глуми во продолжението на хорор класиката „The Shining“

Единбург, 14 јуни 2018 (МИА) - Шкотскиот актер Јуан Мекгрегор ќе глуми во филмската адаптација на романот „Д-р Слип“ од Стивен Кинг, што е продолжение на хорор класиката „Сјаење“, којашто во 1980 година беше екранизирана од режисерот Стенли Кјубрик, со Џек Николсон во главната улога.

Во вториот дел од приказната, детето (Мекгрегор) што го преживеа лудилото на неговиот татко убиец, сега е возрасен човек, но почнува се повеќе да наликува на таткотп, со истите знаци - нескротлив бес и проблеми со алкохолот.

Ворнер Брос веќе неколку години го подготвува овој проект, како и филм кој ќе претставува вовед во „Сјаење“. Премиерата на филмот е закажана за 24 јануари 2019 година. си/цч/08:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...