• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Социјална работничка одзела дете оти мајката не сакала да му купи сладолед

Социјална работничка одзела дете оти мајката не сакала да му купи сладолед

Лондон, 14 јуни 2018 (МИА) - Социјална работничка од Лондон обвини една мајка дека на своето дете не сакала да му купила сладолед, па и го одзела момчето.

Првостепениот суд ги прифатил барањата на социјалната работничка, и детето привремено било сместено во старателско семејство. Апелацискиот судија Мостин добил извештај од социјалната работничка на дури 44 страници, и по разгледување на случајот го вратил момчето  на неговата биолошка мајка оценувајќи ги наводите на социјалната работничка како лоши и безначајни.

- Мајката во тие 44 страници е воглавно критикувана, но недостасуваат докази и конкретни примери за недостаток на грижа кон детето. Ја замоливме социјалната работничка да го наведе најдобриот пример за запоставувањето на потребите на детето од страна на мајката, на што службеничката одговори дека мајката не му посветувала доволно  време на момчето и дека во една прилика не сакала да го одведе на сладолед, гласи образложението на судот. си/цч/12:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.