• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Бекамови со семејна Инстаграм фотографија ги негираа гласините дека се разведуваат

Бекамови со семејна Инстаграм фотографија ги негираа гласините дека се разведуваат

Лондон, 14 јуни 2018 (МИА) - Дејвид и Викторија Бекам со семејна Инстаграм фотографија ги негираа гласините дека се разведуваат. На сликата се и нивните три синови - Бруклин (19),  Ромео (15) и Круз (13), и неколкумина нивни пријатели.

Гласините се раширија на социјалните мрежи минатата седмица, па гласноговорниците на поранешниот фудбалер и на поранешната „Спајс“ девојка, мораа да ги негираат овие тврдења, велејќи дека наводите се „срамни и смешни“.

Дејвид и Викторија се венчаа 1999 година, а освен трите сина, имаат и ќерка - Харпер (6). си/цч/13:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ