Анџелина Џоли посети камп за сириски бегалци во Ирак

Анџелина Џоли посети камп за сириски бегалци во Ирак

Мосул, 17 јуни 2018 (МИА) - Анџелина Џоли посети камп за сириски бегалци во северен Ирак како специјален претставник на ОН, соопшти Ројтерс.
 
Холивудската актерка го разгледа кампот Домиз каде живеат 33.000 бегалци од Сирија. Таа се запозна и разговараше со семејствата.
 
Вчера Џоли го посети Мосул, кој ирачките сили минатата година го освоија назад од „Исламска држава“, откако градот беше бастион на џихадистите.
 
Актерката се сретна со семејствата и се прошета по улиците.
 
- Луѓето тука изгубиле сè. Тие се очајни. Немаат доволно лекови за децата, многумина немаат вода за пиење и основни услуги. Ја повикувам меѓународната заедница да не го заборава Мосул, вели актерката.
 
Анџелина Џоли работи за Високиот комесаријат за бегалци на ОН од 2001 година. Ова е петтата нејзината посета на Ирак. вз/13:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ