Во Грција нанижана најдолгата верига од лук во светот

Во Грција нанижана најдолгата верига од лук во светот

Орестида, 20 јуни 2018 (МИА) - Жители на селото Неа Виса, близу градот Орестида во североисточна Грција, ја направија најдолгата нишка од лук во светот, со што влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Венецот е долг 612,7 метри, јавува ТВ „Скај".

Претходниот рекорд во оваа категорија и припаѓаше на Унгарија, и тој изнесуваше 255 метри.

Идејата била на Димитра Атанасова Ѕориду, а нејзините соселани сесрдно и помогнале во задачата. За нишката биле потребни 16 часа макотрпна работа и 20.000 главици лук со маса од над 2 тона.

Џиновската верига била изработена за на изложбата „Алекспо 2018" во Александрополис. си/цч/13:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ