• A-
  • A
  • A+
петок, 20 јули 2018, 

Адријановиот ѕид оштетен со метални детектори

Адријановиот ѕид оштетен со метални детектори

Лондон, 20 јуни 2018 (МИА) – Адријановиот ѕид, кој го изградиле Римјаните пред речиси две илјади години во Британија за одбрана на северните делови на империјата, е оштетен со метални детектори.

Откако беа откриени 50 дупки на еден дел од ѕидот, археолозите упатија апел до посетителите на овој историски објект да пријават доколку забележат нелегални ископи и трагачи по богатство.

Инспекторот за историски споменици Мајкл Колинс нагласи дека ловците на богатство го кршат законот, но притоа ги уништуваат и податоците кои историските објекти можат да ги дадат.

Ѕидот е долг 117 километри и се наоѓа на листата на УНЕСКО, а неговата изградба ја наредил императорот Адријан. дб/цч/19:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ