Египeт: Химната и Хипократовата заклетва задолжителни во болниците секое утро

Египeт: Химната и Хипократовата заклетва задолжителни во болниците секое утро

Каиро, 12 јули 2018 (МИА) - Новата египетска министерка за здравство Хала Зајед издаде декрет со кој се наредува во државните болници насекаде низ Египет, секое утро преку разглас да се интонира националната химна, а потоа да се емитува и Хипократовата заклетва.

Оваа одлука предизвика негодувања, но и шеги на социјалните мрежи, но Зајед тврди дека нејзината одлука ќе придонесе за промовирање на патриотизмот и лојалноста и ќе ги потсетува лекарите на принципите на хуманост и на нивниот професионален етички кодекс.

Некои коментари се однесуваат и на тоа дека министерката треба да се фокусира прво на подобрувањето на условите во здравстевените установи. си/сп/08:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ