• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Кристијана Аманпур и Џејмс Рубин се разведува по 20 години во брак

Кристијана Аманпур и Џејмс Рубин се разведува по 20 години во брак

Вашингтон, 12 јули 2018 (МИА) – Водечката новинарка на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур, и поранешниот репортер и дипломат Џејмс Рубин се разведуваат по 20 години брак.

Веста прв ја објави „Вашингтон пост“, а весникот истакнува дека разводот се одвива во пријателска атмосфера.

Тие се запознале за време на војната во Сараево, од каде Аманпур известувала за Си-Ен-Ен, а Рубин исто така работел како репортер. Рубин потоа беше ангажиран како помошник за јавни односи на државниот секретар Медлин Олбрајт за време на мандатот на претседателот Бил Клинтон.

Двојката стапи во брак во 1998 година во Италија, а имаат и еден син Дариус Џон, кој се роди во 2000-та година. Иако се разведуваат тие се во пријателски односи и неодамна заедно се појавија на матурската забава на нивниот син.

Аманпур сега живее во Лондон, а Рубин е консултант во компанијата „Балард партнерс“. дб/цч/21:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...