• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Жена пронашла алигатор вo својот двор во Пенсилванија

Жена пронашла алигатор вo својот двор во Пенсилванија

Филаделфија, 23 јули 2018 (МИА) - Жителка на Пенсилванија, по име Трејси Хофекер пронашла алигаторче од еден метар, во својот двор во предградие на Филаделфија.

Таа веднаш го повикала својот роднина пожарникар кој го отстранил алигаторот безбедно, користејќи мрежа. Набргу, пристигнале од Организацијата за заштита и спасување рептили и го презеле животинчето.

Властите соопштуваат дека малиот алигатор најверојатно нелегално бил нечие милениче. Законот на Пенсилванија забранува чување алигатор како домашно милениче, но не е законски ниту негово пуштање во природа, доколку некој го поседува. си/гт/14:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...