• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Оливија Њутн-Џон по третпат се бори со ракот

Оливија Њутн-Џон по третпат се бори со ракот

Сиднеј, 11 септември 2018 (МИА) - Ѕвездата од мјузиклот „Брилијантин“ Оливија Њутн-Џон ќе мора по третпат да се лекува од рак на градите.

Австралиската глумица која е веќе на прагот од осмата деценија од животот изјави во интервју за австралискиот „Канал 7“ дека одбива болеста да ја нарекува „битка со ракот“.

- Наместо „извојување битка“, претпочитам да го викам тоа „повторна победа“. Битката потсетува на бесот што не ми се допаѓа. Јас повторно ќе извојувам победа, изјави таа.

На четирикратната добитничка на Греми, првпат ракот и беше дијагностициран во 1992 година, а по ремисијата, таа повторно беше дијагностицирана во 2013 година. си/цч/09:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ