Ентони Бордејн постхумно награден со шест награди „Еми“

Ентони Бордејн постхумно награден со шест награди „Еми“

Лос Анџелес, 11 септември 2018 (МИА) - Познатиот готвач Ентони Бордејн, кој  се прослави известувајќи од разни делови на светот, беше постхумно награден со шест Еми награди за својата патописно-готварска емисија „Непознати предели".

Серијата беше наградена во четири категории, а самиот Бордејн доби две постхумни награди „Еми“ - за сценарио за документарна програма и за информативна емисија. Токму наградата за сценарио е посебно значајна за екипата од серијата.

- Тони беше номиниран за ова „Еми“ многупати, но никогаш не ја доби нарадата. Многу ја посакуваше. Затоа ја примам со задоволство измешано со горчина, истакна продуцентката Лидија Тенаљи.

Последните седум епизоди од шоуте ќе бидат емитувани на Си-ен-ен од 23 септември.

Ентони Бордејн изврши самоубиство на 8 јуни, на 61-годишна возраст, во Франција, каде што ја снимаше последната сезона од емисијата. си/цч/11:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...