• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Властите во Ханој ги молат жителите да не ги јадат кучињата

Властите во Ханој ги молат жителите да не ги јадат кучињата

Ханој, 11 септември 2018 (МИА)  - Властите во виетнамскиот главен град побараа од жителите да престанат да јадат кучешко месо бидејќи тоа му штети на имиџот на градот.

За многумина во Ханој, кучешкото месо е деликатес бидејќи сметаат дека тоа зголемува издржливост.

Заменикот градоначалник на Ханој, Нгуен Ван Су нагласува во соопштение дека убивањето кучиња и мачки и јадење нивно месо ги вознемирува странците и штети на имиџот на градот. Су побара од локалните жители да подигнат свест за опасностите од беснило при одгледување кучиња и мачки заради месо.

Во Ханој има околу 493.000 кучиња и мачки од кои повеќе од 10 отсто се одгледуваат за комерцијални цели.зш/16:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ