Епл ќе снима сопствени филмови и серии

Епл ќе снима сопствени филмови и серии

Купертино, 11 септември 2018 (МИА) - Епл може да лансира сопствена стриминг услуга за видео содржина, слично на Нетфликс и Амазон. Компанијата ќе врши стриминг и на создадени од самата неа филмови и серии, објави Deadline.com.
 
Сигурен знак дека Епл подготвува слична услуга е неодамнешното купување на меѓународните права на документарниот филм „The Elephant Queen“ (кој дебитираше неодамна на филмскиот фестивал во Торонто) и анимацијата „Wolfwalkers“.
 
Се очекува стриминг услугата на Епл да профункционира во март 2019 година. Минатата година Епл инвестираше речиси милијарда долари во стекнување и создавање на оригинална содржина, потсетуваат аналитичарите на пазарот.
 
Веќе се појавија информации дека компанијата ќе го пушти повторно серијалот „Amazing Stories“ на Стивен Спилберг, „Battlestar Galactica's“ на Роналд Мур и адаптацијата на „Foundation“ од Исак Азимов.вз/18:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...