• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Заборавањето е корисно за вашиот мозок

Заборавањето е корисно за вашиот мозок

Торонто, 12 септември 2018 (МИА) - Ново истражување на Универзитетот на Торонто оди во прилог на тезата дека заборавањето е заштитен механизам во самиот мозок, односно да не заштити од преоптовареност со информации.

Со други зборови, тоа е апсолутно полезна „функција“ за сивата маса во мозокот. Тоа е добра вест, особено за оние кои постојано забораваат каде си ги оставиле клучевите од куќата, на пример.

- Важно е тоа што мозокот заборава на непотребните подробности и се фокусира на нешта кои ќе ни помогнат за подобри решенија во иднина и при важни случаи, објаснува еден од научниците што го спровеле испитувањето, проф. Блејк Ричардс.

Статијата донекаде покажува и како работи мозокот - едно од најмистериозните прашања кои ја „мачат“ науката.

- Откривме многу докази дека има механизми со посебна функција за заборавање информации. Тие механизми се разликуваат од оние кои се користат за помнење, додава проф. Пол Френкланд. си/паг/11:33

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.