Обвинение против турски пејач поради долари во видео спот

Обвинение против турски пејач поради долари во видео спот

Анкара, 12 септември 2018 (МИА) - Турскиот поп пејач Мабел Матиз е засега последната јавна личност против кого се води истрага во земјата, откако во свое музичко видео со банкноти од еден долар, кои според турската влада ѓуленистите ги користат како тајна шифра, јавува весникот „Сабах".

Матиз е познат како поборник за правата на хомосексуалците, а сега е обвинет и за наводни врски со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого, пак, турските власти го обвинуваат за обидот за преврат во 2016 година.

Мабел Матиз

Во спорното видео, пејачот се кити со банкнотите. Имено, токму доларите, а не текстот на песната „Какви се овие нешта“, е причина за судско гонење.

Матиз ги отфрли обвиненијата. си/паг/11:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.