• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Египетски археолози пронајдоа сфинга во Асуан

Египетски археолози пронајдоа сфинга во Асуан

Каиро, 17 септември 2018 (МИА) - Египетски археолози пронајдоа скулптура на сфинга при истражувања во храмот Ком Омбо во градот Асуан.

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека склуптурата на митското суштество со човечка глава и тело на лав е направена од камен.

Скулптурата е широка 28 сантиметри, а висока 38 сантиметри. Таа најверојатно потекнува од периодот на династијата на Птоломеидите, кои владееле со Египет од 305 година пред новата ера до 30 година пред новата ера.

Неодамна во овој храм беа пронајдени и два рељефи на фараонот Птоломеј Петти. дб/сп/17:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...