• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Минеаполис, 19 септември 2018 (МИА) - Илјадници обожаватели на американскиот музичар Принс, кој почина во 2016 година од предозираност со лекови против болки, побараа од федералните власти повторно да покренат истрага за неговата смрт.

Петицијата ја потпишаа над 6.000 лица и беше упатена до Канцеларијата на американскиот јавен обвинител.

Организаторите на петицијата наведуваат дека повеќе нешта околу смртта на музичарот се уште не се докрај разјаснети.

Принс почина на возраст од 57 години, а во неговиот организам беа пронајдени многу високи концентрации на фентанил, аналгетик 100 пати посилен од морфиум.

Освен тоа при истрагата во неговиот дом беа пронајдени стотина други лекови против болки од кои бил зависен со години.

Властите по речиси двегодишна истрага соопштија дека не нашле докази врз основа на кои би покренале тужба.

Во меѓувреме семејството на Принс поднесе тужба против неговиот личен лекар Мајкл Шуленберг за несооветно лекување на музичарот.

Освен Шуленберг со тужбата е опфатена и болницата во која лекарот работел. дб/сп/17:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...