• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Сеул, 20 септември 2018 (МИА) - Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари два тона од ретката печурка „Мацутаке" на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин.

- Додека претседателот Мун и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, до нас пристигна подарок на Ким Џонг-ун. Два тона печурки пристигнаа утрово во Сеул со авион, јави новинската агенција Јонхап.

Овие печурки се меѓу најскапите во светот. Според извор од Кабинетот на Мун, претседателот на Јужна Кореја наредил печурките да им се поделат на членови на раздвоените семејства кои не успеале да се сретнат со своите роднини во Северна Кореја на средбата организирана на меѓудржавно ниво минатиот месец.

Мун Џе-ин денеска ја заврши својата тридневна посета на Северна Кореја. си/сп/13:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...