• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Скопје, 22 септември 2018 (МИА) - Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу јајцата кои се целосно бели и оние со кафеаво-портокалова боја. Зошто се толку различни, кои се со подобар квалитет и какви кокошки несат какви јајца?

Оваа интересна и навидум многу голема разлика со векови беше цел на проучување на научници кои ги истражуваа разликите и причините за нивното создавање.

Првото нешто што треба да се нагласи е тоа што бојата на пердувите на кокошките немаат никаква врска со бојата на јајцата. Она што ја прави разликата е бојата на нивните ушни школки. Значи оние со бели школки кои обично се наоѓаат зад и веднаш под очите, даваат бело јајце. Оние со кафеави или црвени ушни школки, несат најчесто кафени јајца.

Гледајќи го составот на содржината на јајца, разликите се толку мали што се занемарливи. Јајца со иста просечна големина во двете бои содржат 6 грама протеини, 5 грама масти, 180 mg. холестерол и 75 мг. натриум.

На пазарот повеќе се застапени кафеавите јајца поради верувањето кај луѓето дека се поздрави. зс/14:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...