• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Токио, 22 септември 2018 (МИА) - Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два мали роботи на астероидот Ријугу во рамките на истражувањето, што може да помогне во знаењето за потеклото на Сончевиот систем.

Јапонската агенција за истражување на вселената соопшти дека два ровери „Минерва-II“ слетаа без екипаж на астероидот Ријугу. Леталото се доближи до астероидот во јуни, на околу 280 милиони километри од Земјата.

Aгенција наведе дека на потврда за слетување на сондите мора да се чека до утре, додека не почнат да стигнуваат податоци од нив.

Двата роботи би требало да направат фотографии и да ја измерат температурата на астероидот, а за во октомври е предвидено да се испрати поголем ровер.

Леталото „Хајабуса2“ е лансирано во декември 2014 година, а треба да се врати на Земјата на крајот од 2020 година. ми/15:21

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...