• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Хитлер и Ленин во трка за градоначалничката функција во Јунгар

Хитлер и Ленин во трка за градоначалничката функција во Јунгар

Лима, 23 септември 2018 (МИА) - На локалните избори во перуанскиот град Јунгар, Хитлер се надева дека ќе се врати на власт, а Ленин се обидува да го спречи.

Низ целиот град има натписи „Хитлер се враќа“ и „Хитлер е со народот“. Тие се однесува на поранешниот градоначалник Хитлер Алба Санчес, кој беше градоначалник на Јунгар од 2011 до 2014 година.

Негов политички ривал е Ленин Владимир Родригес Валверде, кој минатата недела се обиде да издејствува забрана на кандидатурата на Хитлер на локалните избори што треба да се одржат на 7 октомври, но локалната изборна комисија го одби неговото барање.

Хитлер Алба Санчес тврди дека е против идеологијата на нацистикиот диктатор Адолф Хитлер и оти сака да владее на фер и транспарентен начин.

Тој, исто така тврди и дека неговиот татко не знаел кој е Хитлер кога му го дал името. Санчес истакна дека откако дознал за злосторствата на нацистичкиот лидер сакал да си го смени името, но потоа се откажал.

- Јас сум добриот Хитлер, изјави Санчес.

Во Перу и другите држави на Јужна Америка родителите често избираат странски имиња кои чудно им звучат и покрај тоа што тие во странство имаат негативна конотација. ми/14:44

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...