• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

НАСА откри две нови планети

НАСА откри две нови планети

Хјустон, 24 септември 2018 (МИА) - Само пет месеци по поставувањето во земјината орбита, телескопот на НАСА - ТЕСС - кој е во потрага по нови светови вон нашиот Сончев Систем, откри две оддалечени планети. Ова е првото откритие на сателитот, соопштуваат официјални лица.

Планетите класифицирани како „супер Земја˝ и „жешка Земја“, се наоѓаат најмалку 49 светлосни години од нас. Д-р Сара Сигер смета дека вселенските тела се премногу топли за на нив да има живот, но исто така додава дека се очекуваат уште повеќе занимливи сознанија.

- Мора да почекаме да видиме што уште ТЕСС ќе открие. Знаеме дека планети има, и дека се „расфрлани по небото“ и само чекаат да ги пронајдеме, изјави Сииер.

Мисијата ќе трае две години и ќе чини 337 милиони долари. Сателитот досега идентификуваше и 73 ѕвезди околу коишто можеби кружат планети што би можеле да одржуваат живот. си/цч/08:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...