• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Лондон, 24 септември 2018 (МИА) - Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити, Саидо Берахино за три години успеа да постигне само два гола, но летово, за неполни два месеца постигна еден поинаков „хет трик“ - за само шест недели доби деца од три жени.

Неговата поранешна вереница Стефани Кристофору на 30 мај го роди синчето Коста, а пак, неговата љубовница Челси Ловлејс на 17 јули му роди ќерка - Анија Мери.

Кај двата случаја, 25-годишниот африкански фудбалер е впишан како татко... Но, сега се појави уште една жена која тврди дека Берахино е татко и на нејзиното дете кое е родено на 15 јуни. Жената, чие име не се открива, на суд бара Берахино по третпат да се најде како татко во матичната книга на родени.

Берахино, најплатениот играч на Стоук, со неделна заработка од 70.000 фунти, и Стефани, бизнисменка од Бирмингем, ја објавија својата свршувачка лани во јуни. Но, таа го напушти веднаш откако дозна за неговата афера со старлетата Челси. си/паг/12:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...

Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од п...

Со крилја на грб: Бехати Принслу се враќа во Викторија Сикрет

Еден ангел ги поврати своите крилја! По двегодишно...

Почина актерката Милена Дравиќ

Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград ...