• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Лондон, 25 септември 2018 (МИА) - Еден од најистакнатите британски математичари, Мајкл Атија тврди дека пронашол доказ за Римановата хипотеза, една од шесте матаматички проблеми за чие решавање е предвидена награда од еден милион  долари.

Наградуваниот британско-либански математичар, 89-годишен Атија ја претстави својата работа на собир во Хајделберг, тврдејќи дека има „едноставен доказ“ за Римановата хипотеза. Но, дали тој успеал да реши еден од најпознатите нерешени проблеми во математиката, стар речиси 160 години ќе утврди комисија.

- Доколку решението на Римановата хипотеза биде потврдено, тоа ќе биде голема вест, наведува британскиот магазин „Њу сајентис“.

Римановата хипотеза е поврзана со делење на прости броеви, кои не можат да се делат ниту со еден цел број освен со самиот себе и со бројот еден.

- Доколку се докаже дека хипотезата е точна, математичарите ќе имаат мапа за лоцирање на таквите прости броеви, посочува „Њу сајентис“.

Наградата од еден милион долари за решавање на еден од шестте нерешени „Милениумски проблеми“ во математиката, воспоставена од американскиот Институт за математика „Клеј“.

- Никој не верува дека воопшто постои доказ за Римановата хипотеза, а уште помалку дека доказ за неа може да даде некој што има речиси 90 години, истакна Атија, при тоа изразувајќи надеж дека неговата презентација ќе ги убеди неговите критичари во спротивното. ми/10:32

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...