• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Лос Анџелес, 26 септември 2018 (МИА) - Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, Џони Галеки, ќе се појави  во уште една хумористична серија, хит во најава - „Конерови“.

Во серијата ќе се појави и рок-ѕвездата Џулиет Луис, во улога на девојка на ликот на Галеки. Се работи за продолжение на серијата на „Розен“, каде што главната улога ја толкуваше Розен Бар, која, пак, беше отпуштена од проектот поради расистичка шега на Твитер.

Џони Галеки инаку заврши со снимањето на „Бубалици“, чија последна сезона веќе почна со прикажување неделава.

Новата серија ќе ја има својата премиера на 16 октомври. си/ми/08:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...