• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Третина од младите Американци се со прекумерна тежина, што им пречи да служат во Армијата

Третина од младите Американци се со прекумерна тежина, што им пречи да служат во Армијата

Вашингтон12 октомври 2018 (МИА) - Пентагон се соочува со тешкотии при регрутирањето за воен рок, бидејќи една третина од младите имаат прекумерна тежина што им пречи да ги вршат должностите во Американската армија.

- Речиси една третина од младите Американци денес се со тежина многу над нормалата, за да служат во вооружените сили, изјави панзионираниот генерал Семјуел Ибсон, кој деновиве го претстави и извештајот на стручната група „Совет за силна Америка", што се однесува на пешадијата.

Според документот, проблемот со тежината ги засега и војници кои се веќе на служба.

За споредба, 2015 година 7,8 отсто од регрутите имале прекумерна тежина, што пак, е за 73 проценти повеќе од 2011. По тој повод, Пентагон одреди построги критериуми за физичкото здравје и состојба на активните војници.

- Повеќето проблеми на Америка се решаваат на локално ниво. И овој проблем треба да биде решен на тој начин, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

Според податоците, најголем проблем со прекумерната тежина кај младите кои се пријавуваат за служење војска, и се на возраст меѓу 17 и 24 години, има американскиот главен град Вашингтон (78 отсто). си/ми/11:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...