• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Јувентус убедлив во куп дуелот со градскиот ривал Торино

Јувентус убедлив во куп дуелот со градскиот ривал Торино

Торино, 17 декември 2015 (МИА) – Фудбалерите на Јувентус со убедливи 4:0 го совладаа Торино синоќа во натпреварот од осминафиналето на Купот на Италија.

Стрелец на два гола беше Симоне Заза, по еднаш мрежата на Торино ја затресоа Пауло Дибала и Пол Погба.

Торино од 49.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кристијан Молинаро.

На другите вчерашни средби:
Рома – Специја 2:4 на пенали
Фиорентина – Карпи 0:1,
Наполи – Верона 3:0.

Во вторникот место помеѓу осумте најдобри изборија Алесандрија и Интер.

Денеска играат:

Лацио – Удинезе и
Сампдорија – Милан. зс/08:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.