• A-
  • A
  • A+
недела, 27 мај 2018, 

Јувентус се избори за полуфинале во италијанскиот куп

Јувентус се избори за полуфинале во италијанскиот куп

Рим, 21 јануари 2016 (МИА) – Фудбалерите на Јувентус ќе играат во полуфиналето на Копа Италија, откако синоќа на гостувањето кај Лацио во Рим славеа минимална победа со 1:0.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 66.минута кога Стефан Лихштајнер ј апогоди противничката мрежа.

Противник на Јувентус во полуфиналната пресметка ќе му биде тимот на Интер кој во вторникот во четвртфиналето го елиминира Наполи.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Милан и Алесандрија.

Првите натпревари ќе се играат на 26 и 27 јануари, а реваншите се закажани за 1 и 2 март. зс/08:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.