Кире Лазаров избран за Европски играч на месец декември
- среда, 11 јануари 2017 18:09
Виена 10 јануари 2017 (МИА) - Кире Лазаров во машка и Нике Грот во женска конкуренција се најдобрите европски ракометари за месец декември, објави ЕХФ преку својата официјална веб-страница.
Европската куќа на ракометот избира најдобар ракометар и ракометарка за секој месец во календарската година, a декемвриското признание завршува во рацете на македонскиот десен бек благодарение на извонредното издание на дербито со ПСЖ во Лигата на шампионите.
Зад капитенот на македонската репрезентација се: голманот на Кјелце, Филип Ивиќ, потоа Јонас Калман од Пик Сегед, Хулен Агинагалде од Кјелце и Алекс Душебајев од Вардар.
Наградата за најдобра европска ракометарка за декември сосема очекувано замина во рацете на Нике Грот, холандската репрезентативка инаку МВП на Европското првенство што минатиот месец се играше во Шведска.јд18:09
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 17:05 | Могерини ја пофали улогата на Црна Гора на Балканот
Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика Федерика Могерини при денешната посе...
- 17:01 | Угостителите месечно собираат 80 тони стаклени шишиња за рециклирање
Над 600 угостителски објекти месечно собираат над 80 тони стаклени шишиња кои завршуваат на рециклир...
- 17:01 | Српска листа се откажа од едностраното прогласување на ЗСО
Најголемата партија на косовскиет Срби, Српската листа, денеска соопшти дека се откажува од едностра...
- 16:48 | Прифатени три амандмани за Продлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции
Матичната собраниска Комисија за економски прашања на денешната седница, на која присуствуваа и чле...
- 16:43 | Европарламентот усвои Резолуција за заштита на новинарите
Европскиот парламент денеска со голем мнозинство усвои Резолуција за заштита на новинарите.