• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Очекувана победа на Еурофарм Работник против Вардар Јуниор

Очекувана победа на Еурофарм Работник против Вардар Јуниор

Скопје, 20 март 2017 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Работник остварија очекувана победа против Вардар Јуниор во последниот натпревар од 17.коло во Првата машка лига на Македонија.

На средбата одиграна попладнево во Скопје, гостите од Битола забележаа победа со 31-23 полувреме 9-15, а со новите три освоени бодови само го потврдија третото место на табелата.

Во ова претпоследно коло од првиот дел од сезоната, изминатиот викенд беа одиграни другите три средби на кои беа постигнати овие резултати:
Металург 2 – Пелистер 24-35,
Охрид – Пролет 34-22,
ГРК Борец – Прилеп 41-39 и
Работнички – Радовиш 21-32.

Табела: Охрид 40 бодови, Пелистер 40, Еурофарм Работник 37, Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург-2 18, Вардар Јуниор 14 и Работнички 0.

Последното коло на програмата е на 26 март, а по него ќе следува разигрувањето за титулата. ит/18:59

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Содерберг снима филм за финансискиот скандал во Панама

Холивудскиот режисер познат по филмскиот хит „Един...

Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс

Поради смртта на американскиот музичар Принс Роџер...

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Група поранешни осуденици од српскиот град Крагује...

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...