• A-
  • A
  • A+
недела, 22 април 2018, 

Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо

Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо

Киасо, 21 април 2017 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и во третиот меѓусебен дуел со Катинка вон Дајхман од Лихтенштајн доживеа пораз. Таа денеска во четвртфиналето на фјучрсот во Киасо, Швајцарија (награден фонд 25.000 долари) загуби со 2-1, по сетови 3:6; 6:0 и 2:6 за нешто повеќе од еден и пол час игра.

И покрај елиминацијата во четвртфиналната фаза, најдобрата македонска тенисерка на овој фјучрс освои 9 поени.

Ѓорческа попладнево ќе игра и меч во полуфиналето во конкуренција на двојки. Таа во пар со Александрина Најденова од Бугарија како први носителки ќе играат против Миртил Жорж (Франција) и Тес Суњо (Швајцарија). зс/14:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Бакир Изетбеговиќ заврши во видео игра

Непознати автори направија видео игра насловена „Е...

Почина актерот Верн Тројер

Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогат...

Почина најстариот човек во светот - Јапонката Наби Таџима

Најстариот жител на планетата, Јапонката Наби Таџи...

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...