• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

Трајковски: Прв гол против Италија, тоа е важно за мене

Трајковски: Прв гол против Италија, тоа е важно за мене

Торино, 7 октомври 2017 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Македонија освои голем бод на гостувањето кај Италија. На асистенција на капитенот Горан Пандев, стрелец на голот во 77.минута беше Александар Трајковски, што е негов 10.ти гол во дресот на македонската репрезентација.

- Постигнуваме добри резултати и градиме иднина за нашата држава. Знаев дека сум во ситуација да дадам гол, кога влегов во шанса си реков - ќе шутнам најсилно што можам. Дадов гол против еден Буфон, кој е голем голман. Прв гол против Италија, тоа е важно за мене. Успеавме да одиграме реми против селекција која е моќна. Покажавме дека не се плашиме и дека можеме. Младите ни донесоа додатна свежина, мислам дека со нив, ќе имаме поголема иднина и подобра, изјави стрелецот на голот Трајковски.

За постигнатиот резултат капитенот Горан Пандев изјави: „Се браневме добро и чекавме шанса за контра. Така треба да се игра против големите репрезентации, во спротивно ќе примиш три до четири гола и нема да може да се вратиш во мечот. Имаме млади играчи во тимот кои растат и фудбалската иднина е светла“.

Играчот на италијански Палермо Трајковски во квалификациите постигна два гола (првиот против Албанија во претходниот дуел) и е втор стрелец зад Илија Нестровски неговиот соиграч, кој е стрелец на четири голови за Македонија во квалификациите. мн/ац/10:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...