• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Убедлива победа на Еурофарм Работник во првиот дуел од 13.коло од Супер лигата

Убедлива победа на Еурофарм Работник во првиот дуел од 13.коло од Супер лигата

Скопје, 7 декември 2017 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Работник со победа го „отворија“ 13.коло од Супер лигата откако попладнево го совладаа вториот тим на Металург со 35:22 (17:8). Гостите од Битола водеа во текот на целиот натпревар, па така избраниците на тренерот Илија Темелковски без проблеми ја постигнаа осмата победа.

Во сабота се играат натпреварите Радовиш - Охрид, Борец - Пелистер и Пролет - Вардар Јуниор. Во ова коло слободна е екипата на Прилеп.

Табела: Пелистер 33 бодови, Еурофарм Работник 25, Пролет 22, Охрид 19, Радовиш 14, Прилеп 13, Борец 10, Металург 2 7, Вардар Јуниор 3. мн/вј/19:39

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ