• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Хопман куп: Максимални победи од 3:0 за Германија и за Белгија

Хопман куп: Максимални победи од 3:0 за Германија и за Белгија

Перт, 3 јануари 2018 (МИА) – Тениските селекции на Германија и на Белгија постигнаа максимални победи од 3:0 на денешните натпревари од 2.коло од А групата во Хопман купот.

Германија ја совлада Канада, а Белгија беше поуспешна од домаќинот Австралија.

Во дуелот Германија – Канада, во натпреварот кај мажите Александер Зверев со 2-0 во сетови го победи Вашек Поспишил, а Алжелик Кербер беше подобра со истиот резултат од Јуџин Бушар. Во игра на мешани двојки германската комбинација беше подобра со 2-0 во сетови.

Белгија ја совлада Австралија, откако Елисе Мертенс во натпреварот кај жените со 2-1 во сетови ја победи Дариа Гаврилова. Давид Гофан беше подобар со 2-0 во сетови од Танаси Кокинакис, додека во мешани двојки резултатот беше 2-1 во сетови за Белгија.

Германија е прва на табелата во групата Б со резултат 2-0 (победи-порази), Австралија и Белгија имаат 1-1, а Канада е последна без шанси за финале со 0-2. Во последното коло од исходот Германија – Австралија (се игра на 5 јануари) ќе зависи и победникот на групата, каде шанса за првата позиција има и Белгија.

Во групата Б победникот од натпреварот Швајцарија – САД што се игра утре ќе обезбеди финале бидејќи и двете селекции имаат по две победи. мн/гт/17:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...