• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Девет играчи на Барселона проверени за допинг

Девет играчи на Барселона проверени за допинг

Барселона, 8 март 2018 (МИА) - ФИФА денеска им приреди изненадување на фудбалерите на Барселона, откако за време на тренинг-сесија беа посетени од допинг полицијата. 
 
Девет од играчите на Ернесто Валверде беа проверени пред следниот натпревар од Ла Лига против Малага во сабота.
 
Од каталонскиот клуб потврдија дека за допинг биле проверени Серхио Бускетс, Паулињо, Жорди Алба, Лука Дин, Жерар Пике, Андре Гомеш, Марк Андре Тер Штеген, Томас Вермален и Андрес Иниеста. Сите тие дадоа крв и урина.
 
За време на тренингот, учестуваше и младиот Карлес Алена, кој најверојатно ќе биде вклучен во групата поради повредите на Андрес Иниеста, Нелсон Семедо и Денис Суарез. вз/19:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.