• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Алегри со услов пред жребот за четвртфиналето на ЛШ

Алегри со услов пред жребот за четвртфиналето на ЛШ

Торино, 8 март 2018 (МИА) - Јувентус се квалификуваше за четвртфиналето во Лигата на шампионите и веќе го чека својот следен ривал. 
 
Тренерот Масимилиано Алегри нема посакуван противник за следниот круг, но има еден услов. 
 
- Единствено не ја сакам Барселона. Секоја година е Барса, Барса, Барса ... сакам тоа да запре, изјави Италијанецот.
 
„Бјанконерите“ веќе беа во група со Каталонците оваа сезона во Лигата на шампионите, тие беа ривали во последната кампања и во 2015 година играа едни против други во финалето.
 
Жрепката, која ќе се случи откако ќе се одиграат преостанатите осминафинални мечеви, ќе биде целосна - односно секој може да се падне против секој. вз/19:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ