• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Дерик Роуз ќе ја доигра сезоната во Минесота

Дерик Роуз ќе ја доигра сезоната во Минесота

Сен Пол, 8 март 2018 (МИА) - Бекот Дерик Роуз ќе ја доигра сезоната во НБА во Минесота Тимбервулвс, објави „ЕСПН“. 
 
Дваесет и девет годишниот Роуз е без тим од 10 февруари, кога беше ослободен од Јута Џез.
 
Роуз ја започна сезоната во тимот на Кливленд Кавалирс, но по само 16 натпревари и неколку повреди на 8 февруари замина во Јута, каде не запиша ниту минута. 
 
Во Минесота, Роуз ќе работи со неговиот поранешен ментор, Том Тибодо. Под негово раководство плејмејкерот ја освои наградата за МВП во НБА во 2011 година како играч на Чикаго Булс, но по серијата тешки повреди кариерата му тргна надолу. вз/19:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ