• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Фетел доминираше во претпоследниот тест пред стартот на сезоната во Формула 1

Фетел доминираше во претпоследниот тест пред стартот на сезоната во Формула 1

Барселона, 8 март 2018 (МИА) - Себастијан Фетел и Ферари упатија порака кон конкуренцијата со рекордно брзиот круг што Германецот го забележа во денешниот четврти ден од втората серија предсезонски тестови на шпанската патека „Каталонија“ крај Барселона.

Со хипермеките гуми на „Пирели“, четирикратниот светски шампион заврти најбрз круг уште пред паузата за ручек, за 1:17.182 минути, со што го остави својот најблизок конкурент на повеќе од секунда заостанување.

Фетел, исто така, беше недостижен и во однос на поминатите тест километри, откако забележа огромна серија кругови (188) без никакви технички проблеми. Само Макс Верстатин му конкурираше на Себ по овој показател со 187 круга. Холандскиот пилот на Ред Бул, сепак не покажа брзина денеска и остана претпоследен на 12-тата позиција.

Изненадувачки, возачот на Хас, Магнус Ериксон беше втор. Пласманот зад Фетел беше пополнет од пилоти на помалите тимови, откако Луис Хамилтон остана едвај деветти и дури клубскиот колега во Мерцедес - Валтери Ботас беше побрз од Британецот со осмо време.

Првите десет ги комплетираа Роберт Кубица како резервен пилот на Вилијамс. Полјакот денес извози 73 круга.

Стофел Вандорн го израдува тимот на Мекларен со цели 151 круга, што е вистинско достигнување за британскиот тим, кој повтоорно се соочува со технички проблеми за време на тестовите пред почетокот на сезоната. вз/сп/20:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...